Нашата ЕКО стратегија

Стандарди за заштита на животната средина

ПроКредит Банка  поставува високи стандарди во поглед на влијанието врз животната средина изразена преку Политика за заштита на животната средина во Прокредит банка која се применува во сите аспекти од сопственото работење и е сертифицирана со ИСО 14001:2015. Ова определеност подразбира постоење на Систем за управување на животна средина кој се содржи од три столба:
 

Столб 1: Интерен систем на управување со животната средина

ПроКредит Банка Македонија воспоставува пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на нејзиното сопствено користење на енергија и влијание врз животната средина. При редовно реновирање на нашите експозитури, како и изградба на нови, посебно обврнуваме внимание на енергетско ефикасните решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера.
 
Централната Управа на ПроКредит Банка е опремена со системи за енергетско регулирање коишто автоматски ја редуцираат потрошувачката на енергија потребна за осветлување, загревање и ладење, доведувајќи го до максимум користењето на дневната светлина и регулирајќи ја енергијата што се троши во отсуство на вработените. Дополнително на ова, овој објект беше изграден со користење на енергетски ефикасни материјали, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и сијалици, коишто дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. 
 
Прашањата во врска со животната средина претставуваат суштинска компонента на обуката што се обезбедува за вработените на ПроКредит Банка на локално, регионално и меѓународно ниво. Беше лансирана и специјална интерна кампања со ‘’зелени’’ иницијативи, за да се подигне свеста за животната средина меѓу вработените. Кампањата го истакнуваше значењето на енергетската ефикасност и нејзиното влијание врз подобрувањето на животот, преку прикажување примери како да се намали користењето на енергијата дома и на работа. Дополнително на ова, маркетинг тимот на банката дистрибуираше налепници за електричните апарати и канцелариската опрема, како што се печатачите и персоналните компјутери, коишто на вработените им служат како потсетници да ги исклучуваат овие апарати и опрема кога ја напуштаат канцеларијата или кога истите не се користат. Освен тоа, вработените на ПроКредит Банка спроведоа неколку зелени иницијативи за чистење на различни локации низ Македонија.
 

Столб 2: Управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето

ПроКредит Банка Македонија има имплементирано систем за управување со ризик од животната средина, заснован врз постојана проценка на кредитното портфолио согласно со критериумите за животна средина, детална анализа на сите економски активности што потенцијално инволвираат ризици од животна средина, и одбивање на кредитни апликации од претпријатија ангажирани во активности што се сметаат штетни за животната средина и коишто се наведени на нашата листа на институции што не се финансираат. Со инкорпорирање на прашања од животната средина во процесот на одобрување на кредити, ПроКредит Банка Македонија може да го подигне и севкупното ниво на свесноста на клиентите за животната средина.
 
ПроКредит Банка има дефинирана листа на активности која негативно се одразува на животната средина и општественото опкружување и  која не ја поддржуваме преку кредитирањето. Погледни листа на активности кои јa загрозуваат животната и општествена средина, кои не се кредитираат од ПроКредит Банка.
 

Столб 3: Промоција на „зелено финансирање“

ПроКредит Банка Македонија има за цел промовирање на економски одржлив развој од аспект на животната средина. Во јули 2009 година лансиравме програма за ’’зелени’’ финансиски производи – една од првите од ваков вид во Македонија – што се состоеше од кредити за енергетска ефикасност за граѓаните и претпријатијата, а од 2016 програмата е проширена и со можност за еко штедење. Сите советници за клиенти се редовно  обучувани да им даваат насоки и совети на нашите клиенти за инвестициските можности за енергетска ефикасност.
 
Досега, банката има исплатено преку 35 милиона ЕУР во кредити за енергетско ефикасни проекти, заштита на животна средина и обновливи извори на енергија.
 
Со пласман на зелени финансиски производи и учество во настани за подобрување на енергетската ефикасност, ПроКредит придонесува за севкупно зголемување на свеста за заштита на животната средина. На овој начин, ПроКредит Банка се поставува во улога на финансиски партнер кој што стимулира "зелени" инвестиции, така што нуди повластени рокови и каматни стапки. 
 
За дополнителни прашања поврзани со Политиката за управување со животна средина Ве молам контактирајте не на следнава е-маил адреса: info@procreditbank.com.mk.
29.05.2017
  • EUR 61,35 61,6464 61,80
  • USD 0 55,0611 0
  • CHF 0 70,7035 0
  • GBP 0 40,9937 0