Физички лица

ДОМАШНИ ПЛАЌАЊА

Системот за домашни плаќања Ви овозможува брзо и сигурно префрлување на средства во земјата. На располагање Ви се три можности за Вашите плаќања.

Итни плаќања – МИПС

Какви видови на плаќања можат да се извршуваат преку МИПС системот?

МИПС е систем преку кој се извршуваат итни плаќања на кој било износ или плаќања на големи износи (над 1.000.000 денари) помеѓу различни банки или буџетски плаќања кои мораат да се извршат брзо, во реално време.
 

За колку време ќе се реализираат плаќањата?

Преку овој систем Вашите налози донесени до 16.00 часот ќе бидат реализирани во истиот момент. Останатите налози ќе бидат реализирани следниот работен ден.
 

Дали ќе платам провизија?

За оваа услуга се наплатува фиксна провизија согласно официјалниот ценовник на ПроКредит Банка.

Редовни плаќања – КИБС

Какви видови на плаќања можат да се извршуваат преку КИБС системот?

КИБС  е систем преку кој се извршуваат редовни плаќања помеѓу различни банки или буџетски плаќања, кои се реализираат во текот на работниот ден.
 

За колку време ќе се реализираат плаќањата?

Преку овој систем Вашите налози донесени до 13.00 часот ќе бидат реализирани во тековниот ден. Останатите налози ќе бидат реализирани следниот работен ден.
 

Дали ќе платам провизија?

За оваа услуга се наплатува фиксна провизија согласно официјалниот ценовник на ПроКредит Банка.
 
Интерни трансфери во рамки на ПроКредит Банка

Какви видови на плаќања можат да се извршуваат преку системот за интерни трансфери во рамките на ПроКредит Банка?

Доколку и испраќачот и примателот на средствата имаат трансакциски сметки во ПроКредит Банка, плаќањето се реализира на најбрз и најефтин начин.
 

За колку време ќе се извршат плаќањата?

Преку овој систем Вашите налози донесени преку целиот работен ден, ќе бидат реализирани во истиот момент.
 

Дали ќе платам провизија?

За оваа услуга се наплатува минимална фиксна провизија согласно официјалниот ценовник на ПроКредит Банка.

 
 
29.05.2017
  • EUR 61,35 61,6464 61,80
  • USD 0 55,0611 0
  • CHF 0 70,7035 0
  • GBP 0 40,9937 0