Банка за мојот бизнис

Трансакциска сметка

Да ја започнеме заедничката соработа со Вашата основна трансакциска сметка. Со поседување на оваа сметка имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата и странство, пристап до останатите услуги на банката, како и можност да добиете бесплатен личен советник кој ќе Ви помогне во целосната работа на Вашиот бизнис.
 

Што добивате со трансакциската сметка во ПроКредит Банка?

  • Брзо и едноставно извршување на налози за плаќања: интерно во рамки на банката, кон други банки во земјата и странство
  • Извршување на готовински трансакции
  • Користење на краткорочни дополнителни средства на сметка (минусно салдо)
  • Можност за користење на системот на електронско банкарство кој Ви овозможува следење на состојбите на Вашите сметки, преглед и печатење на изводи и можност за електронски плаќања во секое време, дури и по работното време на експозитурите, за време на викенди и празници
  • Камата на позитивно салдо на трансакциска сметка и можност за орочување на депозити со фиксни каматни стапки

Како да отворам трансакциска сметка на правно лице?

Лицето кое е овластено да го застапува претпријатието потребно е да ја посети која било експозитура на ПроКредит Банка заедно со документите наведени подолу (види локации на експозитури).
 
Потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правно лице:
Документи што ги обезбедува клиентот:
  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 3 месеци, издадени од Централен регистар
  • ЗП Образец, заверен на нотар
  • Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош)

Потребни документи за отворање на нерезидентна сметка:

  • Документ за регистрацијата од домицилната држава преведен на овластен преведувач и не постар од 6 месеци
  • Овластување за застапништво, издадено од странската фирма, преведено од овластен преведувач и не постаро од 6 месеци
  • Документ за идентификација - пасош од законскиот претставник или овластено лице со приложено оригинално полномошно, преведено од судски преведувач и заверено на нотар
  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 3 месеци, издадени од Централен Регистар

26.05.2018
  • EUR 61,35 61,5128 61,80
  • USD 51,25 52,5391 53,25
  • CHF 51,50 53,0374 54,10
  • GBP 68,90 69,9406 71,30
  • CNY 6,35 8,2240 8,35