ПроКредит Банка долгогодишен партнер од доверба на компанијата КСЦ

11

Комапнијата КСЦ е основана во 1999 година како компанија која нуди услуги за професионален превод и толкување од македонски јазик на повеќе странски јазици и обратно. Со текот на годините, односно со повеќе од 20 години застапени на национална и интернационална сцена - специјалност ни се јазиците од централна и југоисточна Европа, додека предностите на нашата компанија се карактеризираат со значително кумулативно искуство во областа на управувањето со настани, логистичката поддршка за организирање конференции и работилници со комплетен сервис. КСЦ има континуирано присуство во балканскиот регион повеќе од 20 години и силна комплементарност меѓу нашите различни сектори и канцеларии во однос на целите и специфичните барања кои успешно ги сервисираме секој ден.

КСЦ има единствена визија: да бидете сигурни дека сте совршено разбрани на секој јазик и поддржани од најдобриот тим за логистика. Во изминатите 20 години КСЦ организирал над 15.000 конференции со целосни услуги за управување со настани. Ние веруваме дека успешното завршување на секој настан се заснова на комбинација од време, ресурси и човечки капацитети. Понатаму, гарантираме сертифицирано извршување на нашите настани. Нашата компанија поседува Сертификат за систем за управување со квалитет во согласност со стандардот ISO 9001:2015 што се применува за услуги за организација на настани. Понатаму, нашата компанија е прва и единствена во Северна Македонија која е овластен субјект според стандард применлив за организација на настани.

Нашата компанија функционира на повеќе нивоа: Конгресен Сервисен Центар обезбедува преводи на сите јазици, организација на настани, конференциски туризам, консалтинг и издаваштво - каде преку секој од споменатите сектори имаме договори со интернационални партнери и отвораме нови и нови работни места. Аспектот од кој делуваме е следен:

  • Со туристичката агенција којашто е дел од КСЦ (Конгрес Травел Сервис) покрај тековниот сервис на авио карти, сместување и транспорт; го промовираме и домашниот туризам;
  • Преку организацијата на настани, застапени сме национално и интернационално: впрочем, не постои локација во нашата држава на која не сме организирале настан со комплетна организација - притоа помагајќи и промовирајќи ги хотелите, рестораните, конференциските центри, културните институции итн.
  • Како издавач (издавачка куќа и книжарница Полица), дел сме од големиот проект “Ѕвезди на светска книжевност”, а паралелно работиме на големи преводи на класици, култни дела и белетристика; како и на промоција на македонски автори.

Она што е важно да се напомене за функционирањето со ПроКредит како партнер сиве овие години е дел од една долга листа на успешна соработка. КСЦ како фирма со богата историја (како референтна, така трансакциска) имала и секогаш ќе има потреба од квалитетна банка: низ неколку наврати ПроКредит ни’ излегува во пресрет, каде последно беше поддршката што ни’ беше дадена за досега најголемиот проект - Договор за травел и ивент услуги со Европска комисија, кој навистина не би бил возможен без потпората на нашата банка. Меѓу другото, важно е да се истакне дека ПроКредит, заедно со своите филијали вон Македонија ја дава истата поддршка на своите клиенти како да се во својата матична држава (дознаките се плаќаат по локални услови, без провизија). Ова е од особена важност за КСЦ, бидејќи имаме доста интернационални проекти и договори.

КСЦ како фирма се води од девизата дека добрата услуга раѓа препораки - а во овие 20 години постоење препораките направиле да немаме потреба од реклама по редовни канали (телевизиски маркетинг, флаери, билборди итн). Застапени сме биле во доста бизнис-списанија, претежно презентирајќи успешна приказна. Но, во секој случај се движиме по истиот бран на денешницата, каде светот се преврти да функционира виртуелно: застапени сме по сите друштвени мрежи како би биле подостапни на сите потенцијални клиенти независно за која од нашите услуги станува збор. Се трудиме што повеќе да сме дел од нормалниот живот во условите што ги наметна 2020. Организираме он-лајн настани, пружаме он-лајн услуги, споделуваме он-лајн приказни. Уметноста на разбирањето е сржта на нашето работење, комуникација, сервис.