ПроКредит Банка и БМГ Елецтрицал Енгинееринг заедно во промоција на македонски прозвод од областа на електриката и енергетиката на регионалниот и европскиот пазар

Компанијата БМГ Елецтрицал Енгинееринг се занимава со инженеринг, дизајн и производство на електро разводни ормари; Нисконапонски и среднонапоснки разводни постројки; Индустриска автоматизација, контрола и управување

Дејноста на БМГ Елецтрицал Енгинееринг е поделена во три главни единици:

  • Проектната дивизија на компанијата БМГ Елецтрицал Енгинееринг се занимава со инженеринг, склопување (assembling) достава и монтажа на нисконапонски разводни и дистрибутивни панели/ормари и всушност претставува Национален Панел Билдер (Panel Builder) во С. Македонија на светски познатата компанија Schneider Electric.
  • Инженеринг дивизија – изградба на нови и реконструкција на постоечки  нисконапонски и среднонапоснки разводни постројки
  • Производствената дивизија на компанијата БМГ Елецтрицал Енгинееринг го креира  ИнДиПа производот (InDiPa – Industrial Distribution Panel) кој претставува систем за изградба на нисконапонски разводни ормари со употреба на префабрикувани елементи, кој е максимално флексибилен и има модуларна структура.

1 21

„Генрално со оперетивноста на компанијата обезбедуваме, нови директни вработувања во државата, промоција на С. Македонија како држава со успешни компании во областа на електро индустријата и креираме развој на партнерска субдистрибутивна мрежа за ИнДиПа производната линија.

Поддршката од ПроКредит Банка ни овозможува непрекинато да го развиваме бизнисот. Со поддршката успеваме да го зголемиме обемот на работата, како и да обезбедиме финансии за зголемување на производствените капацитети.

Нашите планови за претстојниот период се: изградба на нов деловен и производстевн објект, развој на партнерска дистрибутивна мрежа надвор од С. Македонија ( Албанија, Косово, Србија, Бугарија ) како и унапредување на образованието во областа на електрика и енергетика – преку промоција на една успешна домашна приказна за развој на производ конкурентен за локалниот и европскиот пазар. Дополнително подготовка за развој на нова линија на среднонапонски развојни постројки.“ – изјавија раководните лица на БМГ Елецтрицал Енгинееринг